Две компании заинтересирани за прилепскиот Тутунски комбинат

Bez autora
Dec 17 2012

Две меѓународни компании покажуваат интерес за влез во прилепскиот Тутунски комбинат, а веќе се бара стратешки партнер и за фабриката Еурокомпозитт. Според премиерот Никола Груевски едната од нив е позната мултинационална компанија и во моментов се разгледуваат различни модели за оваа инвестиција. Тој рече дека од нивна страна се предлага да се формира компанија со заедничко вложување со државата и на тој начин да се подобри состојбата во комбинатот. По подобрување на состојбите тие би сакале да разговараат за целосно преземање. Што и да се случи, и оваа опција да биде, би било добро за Тутунскиот комбинат. Се уште сме во разговори и доколку завршат со успех, тоа ќе биде добро за Тутунскиот комбинат и за луѓето што работат таму. Се преземаат активности и за стратешки партнер за Еурокомпозит за што веќе е објавен меѓународен јавен повик. Целта е да ја обезбеди иднината на Еурокомпозит со компанија што е добро етаблирана во тој бизнис.

Две компании заинтересирани за прилепскиот Тутунски комбинатДве меѓународни компании покажуваат интерес за влез во прилепскиот Тутунски комбинат, а веќе се бара стратешки партнер и за фабриката Еурокомпозитт.

Според премиерот Никола Груевски едната од нив е позната мултинационална компанија и во моментов се разгледуваат различни модели за оваа инвестиција. Тој рече дека од нивна страна се предлага да се формира компанија со заедничко вложување со државата и на тој начин да се подобри состојбата во комбинатот.

- По подобрување на состојбите тие би сакале да разговараат за целосно преземање. Што и да се случи, и оваа опција да биде, би било добро за Тутунскиот комбинат. Се уште сме во разговори и доколку завршат со успех, тоа ќе биде добро за Тутунскиот комбинат и за луѓето што работат таму - смета премиерот.

Се преземаат активности и за стратешки партнер за Еурокомпозит за што веќе е објавен меѓународен јавен повик. Целта е да ја обезбеди иднината на Еурокомпозит со компанија што е добро етаблирана во тој бизнис.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik